Уапсени двајца албански пратеници поради лажни обвиненија

Тирана, 25 март 2015 (МИА) – Албанската полиција вечерва ги уаспи пратениците Том Доши од Социјалистичката партија и Марк Фроку од Демохристијанската партија, која е дел од владината коалиција, јави дописникот на МИА од Тирана.

Пратеникот Доши бил уаспен во неговиот дом, додека Фроку во угоститеслки објект сопственост на неговата фамилија. Во полициската акција за нивно апсење биле вклучени и припадниците на специјалната единица „Шќипоња“.

Тие се уаспени веднаш по изгласаната одлука од страна на Парламетот за одземање на нивниот пратенички имунитет, со што беше дадено зелено светло за кривично гонење на пратениците, нивно апсење и претрес на нивните домови.

За одземање на пратеничкио имунитет на Доши гласале 80 пратеници, додека за одземање на имунитетот на Фроку гласале 79 пратеници и еден „воздржан“. Пред гласањето опозициските пратеници, освен Месила Додада ја напуштија собраниската сала.

Доши и Фроку го обвинија првиот парламентарец Илир Мета, дека нарачал платени убијци за нивна ликвидација. По обвинувањата, Обвинителството спроведе истрага и заклучи дека обвинувањата се лажни и побара од Парламентот да им се одземе имунитетот за да може да покрене обвинение за измама и клевета, што беше направено денеска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...