Бранимир Главаш итно пренесен во затворска болница

Загреб, 30 март 2015 (МИА) - Бранимир Главаш, кој во истражниот затвор во Реметница веќе 25 дена штрајкува со глад, вчера поради нарушена здравствена состојба итно е пренесен во затворска болница, каде ќе биде задржан, објавено е доцна синоќа на неговиот „Фејсбук“ профил. 

- Се надеваме дека ќе прифати медицинска помош и ќе се извлече од опасната по живот ситуација, се наведува на „Фејсбук“ профилот на Главаш.

Адвокатот на Главаш, Дражен Матијевиќ изјави дека нема информации за тоа што се случило, но истакна дека тоа и можело да се очекува. Според Матијевиќ, Главаш се наоѓа во здравствена состојба во која секој момент може да почине. 

Бранимир Главаш се наоѓа во истражниот затвор Реметница од 5 март, од кога започна штрајк со глад. 

Уставниот суд пред неколку дена делумно ја усвои уставната тужба на Главаш за траењето на притворот и повторно го врати на Врховниот суд, кој треба да донесе одлука за тоа до 5 април. Ако Врховниот суд одлучи поинаку, истражниот затвор на Главаш прекинува на 5 април.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...