Шешељ мора назад во Хаг

Белград, 30 март 2015 (МИА) - Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ ќе мора да се врати во Хаг, соопшти Хашкиот трибунал.

Советот за жалби наложи повлекување на одлуката за привремено пуштање на Шешељ на слобода и негово враќање во притворската единица на Трибуналот.

Потоа Србија и Холандија повторно ќе се изјаснат за неговото пуштање на слобода, а Советот за претрес потоа повторно ќе ја процени можноста на Шешељ да му биде дозволено привремено ослободување.

Шешељ е пуштен на слобода со гаранции на српската Влада, иако тој „ги одби“.

Како што претходно беше објавено, неговото привремено пуштање на слобода би подразбирало домашен притвор, полициска придружба за време на движењето од медицински причини, забрана за комуникација со жртвите во врска со неговиот случај, забрана за јавно разгледување на неговиот случај, а се споменуваше и забрана за учество во политичкиот живот, како и за одземање на пасошот.

Сепак Шешељ активно учествуваше во политичкиот живот на Србија, држеше говори на митинзите и учествуваше во акција на СРП, но од ослобдувањето не зборуваше за работи кои би можеле да бидат поврзани со хашкото обвинение против него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...