Парламентот ќе разговара за предложените реформи од Ципрас

Атина, 30 март 2015 (МИА) - Изработените од владата на Алексис Ципрас реформи денеска ќе бидат тема на вонредна седница на грчкиот парламент на ниво на политички лидери, пишуваат грчките медиуми. 

Весникот „Етнос“ наведува дека вонредна седница е побарана од премиерот Алексис Ципрас, која доаѓа во време кога преговорите на земјата со партнерите за листата на реформи се наоѓаат во клучен момент. 

Листата реформи е усвоена од владата и треба да биде претставена на Еврогрупата, која ќе даде зелено светло за деблокирање на дел од траншата за Грција, додека земјата се соочува со проблеми со ликвидноста, наведува весникот „Катимерини“. 

Аналитичарите очекуваат жестока дебата во грчкиот парламент. Опозицијата го обвинува кабинетот на Ципрас за начинот на кој ги води преговорите со европските партнери, додека критики има и за одбивањето на владејачката партија да го стави на гласање во парламентот текстот за кредитниот договор. 

Целта на Ципрас е да објасни кои се целите на владата во преговорите. Весникот „Нафтемборики“ наведува дека вечерва се очекува Ципрас да побара од опозицијата да заземе јасна позиција за преговорите. 

Весникот „Та неа“ коментира дека иако списокот на реформи не содржи рецесиони мерки и официјално владејачката коалиција не покажува дека нема единствена поддршка за преговарачката тактика на премиерот, во редовите на владејачката коалиција постоела поделба, додека според некои планот со реформи не е доволно убедлив. 

Весникот „Вима“ одбележува дека планот со реформи е направен така што обезбедува повеќе приходи во државната каса. Особено планот кој веќе е претставен на институциите и се разгледува во Еврогрупата, а кој предвидува приходи во висина од 3 милијарди евра и кратење за 50 проценти на целите, поврзани со првичниот суфиците и раст.

Атина очекува Еврогрупата да заседава на 1 април и да излезе со решение за деблокирање на дел од траншата за Грција во висина од 7,2 милијарди евра. Станува збор за 1,8 милијарди евра од последната транша на европските партнери за Грција, 1,9 милијарди евра профит на ЕЦБ од грчки обврзници за 2014 година и 3,5 милијарди евра од заемот на ММФ, кој се уште не се исплатени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...