Фатос Нано се враќа на политичка сцена со нова партија

Тирана, 18 април 2015 (МИА) - Поранешниот лидер на албанските социјалисти и екс премиер Фатос Нано, одлучи да се врати на политичка сцена со нова политичка партија, во која ќе ги собере незадоволните членови од политиката што ја води актуелниот социјалистички лидер и премиер Еди Рама, јави дописникот на МИА од Тирана.

„Еден од незадоволните, кој се очекува да се приклучи кон партијата на Нано е и Бен Блуши, а се споменуваат и Арбен Малај, поранешен министер за финансии и Реџеп Мејдани, екс претседател на Албанија, како и други видни личности од редовите на социјалистичката партија“, пишува весникот „Шќиптарја“.

Иницијативниот одбор, во кој засега се познати имињата на Нано и Блуши, активностите за формирање на партијата ги почнуваат набрзо а партијата ќе биде формирана по локалните избори закажани за 21 јуни.

Како ќе биде именуван новиот политички субјект останува за подоцна.

Фатос Нано (63) кој Социјалистичката партија ја раководеше петнаесет години се повлече од лидерската функција по поразот на парламентарните избори во 2005 година. Уште еден мандат, иако со голем број отсуства беше пратеник во албанскиот парламент, по што целосно се повлeче од политичката сцена.

Инаку, нему му се припишува и најголемата заслуга за приближување на односите на Македонија со неговата земја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...