Илиеску призна

Дозволив отварање центар на ЦИА

Букурешт, 23 април 2015 (МИА) - Поранешниот романски претседател Јон Илиеску во интервју за германскиот весник „Шпигел“ призна дека во периодот 2002-2003 година го прифатил барањето на САД да се одобри „седиште“ на ЦИА во Романија, додавајќи дека притоа не знаел каква ќе биде неговата функција.

- Американските сојузници побараа од нас да предложиме едно место. Сметавме дека тоа е гест на добра волја пред нашето приклучување во НАТО, истакна Илиеску, кој беше претседател на Романија во периодите од декември 1989-1992 година, 1992-1996 година и 2000-2004 година.

Весникот пишува дека веќе подолго време романските власти го отфрлаат постоењето на центар на ЦИА на романска територија, во кои се држеле и сослушувале лица, за кои се претпоставува дека биле малтретирани.

„Шпигел“ наведува дека Илиеску е „вториот шеф на држава кој признава постоење на тајни центри на ЦИА по поранешниот полски претседател Александар Квашневски“.

Илиеску тврди дека доколку знаел што се случува во тие центри, одговорот на американското барање сигурно нема да бил позитивен, објаснувајќи дека во тоа време со деталите околу ова прашање се занимавал тогашниот шеф на претседателската администрација и советник за национална безбедност Јоан Талпеш.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...