Понта најави формирање на Крајовска група

Крајова, 24 април 2015 (МИА) - Романскиот премиер Виктор Понта на денешната средба со Александар Вучиќ и Бојко Борисов најави формирање на Крајовска група, сочинета од Србија, Бугарија и Романија.

- Отворени сме и за други држави од Западен Балкан, бидејќи обединети можеме да постигнеме многу повеќе, наведе Понта. 

Понта,  Вучиќ и Борисов денеска во Крајова разговараа за инфраструктурни проекти, соработка во областа на енергетиката и сообраќајот.

- Заедно можеме многу да направиме. Нашите три земји заедно најдобро ќе можат да ги штитат нашите економски и политички интереси. Ова е стратешка територија во Југоисточна Европа и уверен сум дека формирањето на Крајовската група ќе биде од историско значење, посочи Вучиќ.

Тој им се заблагодари на романскиот и бугарскиот премиер на поддршката за Србија на нејзиниот европски пат.

- Сакам да видам автопат Букурешт - Софија - Белград што е можно побрзо. Сакам што побврзо да видам и пруга која води кон Турција. Овие проекти не се добри само за нашите три земји, туку и за цела Европа, потенцира Борисов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...