Анкета: Мнозинството Грци сакаат компромис со кредиторите

Атина, 26 април 2015 (МИА) - Мнозинството Грци сакаат Атина да постигне компромисна спогодба со странските кредитори за да се избегне ризикот од излегување од еврозоната, покажува истражувањето на агенцијата Капа рисрч, чии резултати ги објави весникот „Катимерини“. 

Резултатите од анкетата покажуваат дека 71,9 отсто од грчките граѓани сакаат спогодба со кредиторите, а 23,2 отсто сметаат дека Владата треба да ги отфрли сите компромиси. 

Според 72,9 отсто од анкетираните Грција треба да остане во еврозоната, а 20,3 проценти сметаат дека за земјата е подобро да ја врати драхмата.

Резултатите покажуваат дека 68,8 отсто од Грците стравуваат дека земјата ќе излезе од еврозоната, додека 24,1 отсто сметаат дека ризикот е избегнат. 

Околу 80 отсто од Грците сакаат земјата да остане членка на Европската унија, а 73,7 отсто го поддржуваат членството во НАТО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...