Во бугарски туристички автобус пронајдена експлозивна направа

Софија, 18 мај 2015 (МИА) - Експлозивна направа пронајдена е во автобус на бугарската „Омега група“ со 34 патници, кој патувал на релација Прага - Варна.

Директорот на компанијата Драгомир Петков изјави дека рачно изработената бомба била со голема разурнувачка моќ била пронајдена синоќа, кога автобусот се наоѓал близу Будимпешта, објави денеска бугарски „Стандарт“.



Петков рече дека патниците имале многу среќа бидејќи бензинот од канистерот во кој била експлозивната направа се истурил и почнал да се шири мирис, поради што возачите запреле и ја пронашле бомбата.

Тој вели дека патникот,  кој ја поставил бомбата патувал со купена карта од Прага до Братислава, но излегол во Брно и не се вратил. Се претпоставува дека тој е Чех или Словак.

За случајот информирани се надлежните институции во Чешка, Словачка и Унгарија и земени се отпечатоци од канистарот во кој била експлозивната направа.

Патниците од автобусот каде беше пронајдена експлозивната направа, утрово стасаа во Бугарија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...