Исплатата на К-15 во приватниот сектор не е во надлежност на Владата

Скопје, 8 јуни 2015 (МИА) - Владата на Република Македонија не е надлежна за исплатата на регресот за годишен одмор или К-15 во приватниот сектор, оцени министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата. 

- Регресот за годишен одмор во приватниот сектор не е утврден со измена на закон, ниту пак Владата на Република Македонија направила измена на закон со цел да се овозможи исплата на К-15. Станува збор за право кое се дефинира со Колективен договор, во овој случај со Општиот колективен договор во приватниот сектор што го потпишуваат работодавачите и синдикатите, појасни Спасов.

Тој потенцира дека Владата не учествува во процесот на колективно договарање.

- Секое дефинирање на ваквото право зависи од согласноста помеѓу репрезентативните организации на работодавачи од една страна и репрезентативните синдикални организации од друга страна, рече Спасов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...