ЕК ги објави последните предлози на кредиторите за Грција

Брисел, 28 јуни 2015 (МИА) - Европската комисија во интерес на транспарентноста ги објави последните предлози на кредиторите за Грција, кои Атина ги отфрли, јави ТАСС.

- Во интерес на транспарентноста и за да биде информиран грчкиот народ, Европската комисија ги објави последните предлози, усогласени од трите институции (ЕК, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд). Тие ги земаат предвид предлозите на грчките власти од 8, 14 и 25 јуни 2015 година, а исто и преговорите на политичко и техничко ниво во текот на неделата, се наведува во соопштението на ЕК. 

Комисијата се надева дека на тој начин ќе ги информира граѓаните на Грција за вистинската содржина на предлозите. 

Предлозите на кредиторите содржат три главни точки. Прво масовна даночна реформа, која вклучува преразгледување на системот на ДДВ со зголемување на вредноста на серија категории стоки, зголемување на корпоративниот данок, воведување серија нови и зголемување на актуелните давачки за државната каса, меѓу кои за луксузни стоки и јахти, укинување на даночните олеснувања, вклучувајќи и на субвенциите за земјоделците при купување на гориво.

Втората и најпроблематичната точка е пензиската реформа, која има цел етапно укинување на актуелниот исклучително сложен систем, со кој на различни категории граѓани им се овозможува предвремено пензионирање, почнувајќи од 53 до 55 година. Од 2022 година тој систем треба да исчезне, единствена возраст за пензионирање за сите да биде 67 години или 62 години со стаж од 40 години.Во Грција во моментов овие рокови се воведени, но ЕК напоменува дека мошне мал број граѓани работат до 67 години. 

Третата клучна точка од предлозите на кредиторите е масовна реформа на пазарот на труд, а исто така и на системот за определување на платите во државниот сектор, при што целта е да се воведе единствен систем за плаќање на трудот. Кредиторите бараат да се зголеми и ефикасноста на администрацијата, да се активираат напорите за борба против корупцијата, затајувањето даноци како и мерките против црниот пазар на труд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...