Хотелиерите и угостителите бараат намалување на ДДВ за храна од 18 на 5 проценти

Скопје, 29 јуни 2015 (МИА) - Хотелиерите и угостителите ќе бараат намалување на ДДВ-то за храна од 18 на 5 проценти. Доколку им се дозволи ова, тогаш средствата кои нема да ги плаќаат за ДДВ, ќе ги искористат за нови инвестиции.

Од Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија денеска на прес-конференција посочија дека ослободените средства би ги искористиле за надминување на проблемите со кои се соочуваат како што се недостигот од свеж капитал, за едукација на неквалификуваните кадри и за покривање на загубите на вработените во периодот на т.н. мртва сезона.

- Хотелите и рестораните за храната што ја послужуваат плаќаат на крајниот производ 18 проценти ДДВ, а суровините што ги внесуваат за производство на таа храна се оданочуваат со пет проценти ДДВ. Имајќи ја предвид ваквата диспропорција, Здужението за угостителство и туризам изготви иницијатива со која ќе побара намалување на ДДВ за храната, освен за пијалоци, истакна Даниела Михајловска-Василевска од Стопанската комора на Македонија. 

Според Здружението за угостителство и туризам, со доделувањето на субвенциите во туризмот се бележи континуиран раст на бројот на странски туристи во државата.

Согласно статистичките податоци, во периодот јануари - април годинава во Македонија престојувале 151.007 туристи што е за 8,7 проценти повеќе од истиот период минатата година. Зголемување за 19,8 проценти се бележи кај странските туристи, додека намалување има кај бројот на домашни туристи. Најбројни се туристите од Турција, по што следуваат оние од Грција, Србија, Бугарија и Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...