Од 1 август пробно единствена картичка во автобусите на ЈСП „Скопје“

Скопје, 14 јули 2015 (МИА) - Од 1 август годинава, еден месец пробно во автобусите на ЈСП „Скопје“ ќе почне да се користи единствена картичка, а од 1 јануари 2016 година и кај приватните превозници.



Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, скопскиот градоначалник Коце Трајановски  и директорот на ЈСП „Скопје“ Игор Јанушев денеска ги промовираа проектите за автоматска локација на автобусите и за електронска наплата во јавниот превоз.

- Оваа паметна картичка (смарт картичка) е од најсоовремен тип. Има заштитен чип кој нуди комплетна сигурност и економскиот оператор кој ја направи гарантира дека податоците кои се на картичката ќе бидат максимално зашитени според сите ИСО стандарди кои се применуваат низ светот, рече Ивановски. 

Градоначалникот Трајановски информира дека ќе има автоматска локација на автобусите. Секој автобус ќе биде пратен сателитски и во секој момент во Оперативниот контролен центар со кој ќе менаџира ЈСП „Скопје“ ќе биде прикажана местоположбата на автобусите. 

- Ќе има една и единствена картичка за јавен превоз. Има два типа на картички, персонализирана (со фотографија) „Моја скопска“ и пренослива без фотографија „Скопска“. Двете ќе може да се надополнуваат, рече Трајановски. Картичките ќе важат во автобусите на ЈСП „Скопје“ и кај приватните превозници. 

Тој најави дека Град Скопје овој месец ќе распише оглас за доделување линии за приватните превозници. Откако огласот ќе заврши, ќе бидат избрани операторите кои ќе возат на приватните линии и на тој начин ќе се регулира и воведе овој систем.

Набавени се 500 валидатори за отчитување на картичките. Од нив 380 ќе бидат инсталирани во ЈСП „Скопје“, а останите кај приватните превозници.

- Откако ќе се отчита картичката, се намалува нејзината вредност, а сумата оди на контото на ЈСП „Скопје“, кое ќе ги собира парите од овој систем, рече Трајановски. Појасни дека проектот чини три милиони евра, одвоени од буџетот на Град Скопје. Имплементацијата ќе ја врши конзорциум од македонкси Телеком, Маргенто од Словенија и Иком од Бугарија.

Директорот Јанушев информира дека новите картички ќе можат да се набават прво во ЈСП „Скопје“, а потоа ќе може од мастер дилери и на други локации. Ќе има осум центри за изработка на картички, во Бит Пазар, Центар, Порта Влае, Аеродром, Карпош 2, во дирекцијата на ЈСП „Скопје“, Шумарски факултет и Транспортниот центар. Ова се однесува на персонализираните картички кои ќе бидат со фотографија. Останите 60 локации се дел од мрежата на продажни места, односно билетари на ЈСП „Скопје“. Ќе има три автомати од кои ќе може да се набавуваат и надополнуваат картичките. Се работи за самостојни апарати во вид на банкомати, кои ќе бидат во функција 24 часа. Картичките ќе можат да се надополнат и преку веб апликација.

- Персонализираните картички, „Моја скопска“ ќе чини 200 денари, а неперсонализираните 150 денари, рече Јанушев. 

Тој најави дека ќе има поставување и на 50 инфодисплеи на кои ќе се прикажува поаѓање и пристигнување на секој автобус и на следните три автобуси во реално време. Во самите автобуси ќе има аудио и визуелно информирање на патниците во однос на следните постојки. Ќе има информирање и по пат на смс, како и бесплатна телефонска линија и мобилна апликација за корисниците. 

Од почетокот на август ќе почне изработката на персонализираните картички за граѓаните со 62 и 64 години кои користат бесплатен превоз, како и за учениците, средношколците, студентите...

Јанушев апелираше граѓаните на време да набават картички и задолжително да се користи валидирање. Најави дека од септември во сите скопски општини ќе почнат кампања за запознавање на граѓаните со новостите. 

Одговарајќи на новинарско прашање, Јанушев рече дека старите хартиени билети ќе се користат до крајот на годинава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...