Туризмот ја спасува економијата на Тајланд

Бангкок, 29 јули 2015 (МИА) - Падот на цената на сировата нафта на светските берзи директно негативно влијаеше на извозните резултати на сите држави во југоисточна Азија, бидејки цените на нивните стратешки извозни производи, особено земјоделските, паѓаа пропорционално со поевтинувањето на нафтата.

Најголемо намалување на вредноста на извозот во првите шест месеци на годинава, споредено со втората половина лани, имаа Малезија, Сингапур и Филипините, со над 13 посто.

Пад на вреноста на извозот од 4,9 посто забележа и Тајланд, но денеска Министерството за економија соопшти дека со оствареното зголемување на туристичкиот промет, негативниот ефект од другите гранки ќе биде компензиран.

Порастот на бројот на странците не беше толку очекуван по воениот удар извршен минатата година, но намалениот број посетители од САД и Европа е компензиран со доаѓањето на над два милиони Кинези. Кинеските туристи, покрај другото, во Тајланд вон хотелските услуги дневно трошат просечно по 180 долари, два пати повеќе од Европејците.

Тајланд само од директни туристички услуги остварува 12 отсто од неговиот БДП, вреден 420 милијарди долари. Со зголемување на прометот во туризмот од пет отсто, што е веќе остварено, Тајланд ќе го избегне падот на вредноста на извозот, а на крајот на годинава земјата ќе има позитивен извозно-увозен баланс од над 20 милијарди долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...