ССМ: Укинувањето на придонесите за хонорарците е логична последица

Скопје, 30 јули 2015 (МИА) - Со оглед на направените проценки, дополнителните мерки за нови вработувања и проектите за отворање нови работни места, оценето е дека ефектите од Законот за хонорарците може да се постигнат и со други мерки па оттаму и неговото повлекување е логична последица на анализите.

Ова е ставот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) по вчерашната владина одлука, придонесите за хонорарците да се укинат од 1 август 2015 година.

- Нашиот став е јасен, бараме работен однос на неопределено работно време за работниците и сигурни работни места. Сите мерки и закони кои одат во обезбедување повеќе вработувања и трансформација на работниот однос на неопределено работно време одат во прилог  на остварување на нашите стратегиски цели, велат од ССМ.

ССМ во рамки на своите програмски цели посебно се фокусира да обезбеди можности за вклучување на работниците во системот на социјално и пензиско осигурување. - Тоа беше и причината при донесувањето на Законот да се бараат и бенефитите од оваа мерка иако во старт и на Економско-социјален совет баравме посебни модалитети за ефектите и друг пристап за одредени категории на хонорарни работници и работници со договор за дело, нагласуваат од ССМ.

За  ССМ останува определбата и натаму да се изнаоѓаат начини за нови работни места, за трансформација на волонтерските договори и за договори на дело во редовен работен однос со платени придонеси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...