„Индепендент“: Тајна средба на британскиот министер за финансии со Руперт Мардок

Лондон, 31 јули 2015 (МИА) - Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн имал „приватна тајна средба“ со медиумскиот магнат и сопственик на глобалната компанија „Њуз Корпорејшн“, Руперт Мардок, тврди лондонски „Индепендент“.

Според овој весник, кој важи за близок до партијата Либерални демократи, средбата се одржала непосредно пред промовирањето на годинешниот британски државен буџет, според кој, јавната медиумска компанија Би-Би-Си, остана „покуса“ за 650 милиони фунти.

Конзервативната Влада на премиерот Дејвид Камерон и неговиот министер Озборн, решија Би-Би-Си да го „покрие“ намалувањето на парите за социјалните бенифиции од страна на државата со откажување од 650 милиони фунти од парите што компанијата ги прибира од радио-телевизиската претплата.

Владата и наложи на Би-Би-Си да не им наплаќа претплата на Британците постари од 75 години, што се совпаѓа со најавите за „тврди“ преговори меѓу компанијата и владините министри околу иднината на претплатата, што би требало да почнат оваа есен.

Износот од претплатата од 140 фунти годишно е „замрзнат“ неколку години, а сегашната Влада настојува да се преиспита целиот начин на финансирање на Би-Би-Си, каде претплатата е главниот извор што на оваа јавна компанија и носи годишно по повеќе од 3,5 милијарди фунти.

Комерцијалните телевизии, меѓу кои и сателитскиот радиодифузен сервис БскајБ, во кој мнозинскиот пакет акции го има Мардок, од поодамна вршат притисок врз владата да се „воспостават фер односи“ во секторот на електронските услуги, при што Би-Би-Си и комерцијалните медиуми ќе бидат рамноправни.

Мардок и неговата компанија во Велика Британија, бараат Би-Би-Си, која собира претплата и добива доплнителни државни средства за своето работење, да не може да влегува на теренот што претходно го имаа само комерцијалните телевизии и медиуми.

Би-Би-Си се брани дека тоа го прави за да им понуди на своите клиенти врвна услуга за парите што тие ги дваат за претплата, додека комерцијалните медиуми бараат јавната компанија да се откаже од тоа или да ја дели претплатата со сите другите.

„Индепендент“ тврди дека зголемиот притисок на Владата врз Би-Би-Си, како и најавите за преиспитување на претплатата, се примени со одобрувње од комерцијалните медиуми, како и дека БскајБ има изразено задоволство од владината одлука за „одземање“ на 650 милиони фунти од парите на Би-Би-Си.

„Индепендент“ ги обвинува британските конзервативци дека „тајната средба“ на министрот Озборн со Руперт Мардок ја откриваат нивната „блискост“ со медиумскиот магнат, предупредувајќи дека на тој начин тој би можел да изнуди концесии за себе и за својата медиумска империја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...