Парното поевтинува

Скопје, 31 јули 2015 (МИА) - За 0,19 отсто се намалува цената на парното греење што го обезбедува Балкан Енерџи Груп (БЕГ), а за 0,86 проценти парното на ЕЛЕМ енергетика. Надоместокот за греење од Скопје-Север останува ист како лани. 

Како што соопшти денеска директорот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Димитар Петров, цената се намалува и за исклучените потрошувачи, за 0,75 отсто.

Во претстојната грејна сезона корисниците на БЕГ бесплатно ќе добијат плус еден час греење односно, наместо од 6 до 21 часот ќе имаат парно од 6 до 22 часот. 

Новина е, додаде Петров, и тоа што за евентуално порано почнување на грејната сезона, репер ќе бидат прогнозите на УХМР, а не како досега реалното мерење на температурата два дена однапред. 

- Парното ќе се вклучува пред грејна сезона ако просекот од прогнозите на УХМР покаже дека температурата ќе биде 12 степени, објасни директорот на РКЕ. 

Според одлуката на Комисијата, за градинките, основните и средните училишта кои се под Балкан Енерџи Груп цената на парното ќе се намали за 14,45 отсто.  Елем енергетика, пак, просечната цена ја намалува за 0,86 проценти со тоа што корисниците кои плаќаат по мерач добиваат намалување за 4 отсто, а за оние што плаќаат по метар квадратен цената се зголемува 1 процент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...