Замените на жените на породилно на товар на државата

Замените на жените на породилно на товар на државата. Владата на вчерашната седница го усвои Предлог законот за дополнување на Законот за вработување.

Со овие дополнувања ќе се овозможи поволност за работодавачот, односно да има можност за време додека има работник на породилно отсуство, да вработи друго лице кое ќе работи за периодот додека трае породилното отсуство на работникот кој го заменува и притоа за тој период да биде ослободен плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување.

Мерката дел од проектот „Македонија вработува“

За одлуката замените на жените на породилно да бидат на товар на државата, денеска на прес-конференција информираа вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Тие информираа дека мерката е дел од пректот „Македонија вработува” со кој до денеска се вработени над 5.000 лица.

Пешевски, овој Предлог закон ќе им овозможи на жените кои што се на породилно отсуство да имаат одреден вид гаранција дека по завршувањето на породилното отсуство ќе се врати на работа на своето работно место.

Пешевски: Овој Предлог закон ќе им овозможи на жените кои што се на породилно отсуство да имаат одреден вид гаранција дека по завршувањето на породилното отсуство ќе се вратат на своето работно место.

За користење на оваа мерка, обврски на работодавачот е работникот за кој се користи ослободување да го распореди на истото работно место на кое работел работникот кој користи породилно отсуство, и да му се исплаќа иста нето плата. Работодавачот е обврзан по истекот на породилното отсуство на работникот и негово враќање на работа, да го задржи истиот на работа уште најмалку за истиот период за којшто бил ослободен од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување и работодавачот од приватниот сектор за да ја користи мерката не смее да има неисплатени плати, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци повеќе од два последователни месеци, информира Пешевски, пренесува МИА.

Според Пешевски, овој Предлог закон ќе им овозможи на жените кои што се на породилно отсуство да имаат одреден вид гаранција дека по завршувањето на породилното отсуство ќе се врати на работа на своето работно место.

Според министерот Спасов, ова е позитивна стимулативна мерка со која ќе се влијае на намалување на злоупотребите на правото на користење на породилно отсуство за мајките и минимизирање на случаите на мобинг врз бремените жени.

Утврдени се и заштитни механизни и мерки кои ќе бидат преземени со цел доследна примена на законот. На овој начин државата ќе го стимулира зголемувањето на наталитетот, при што ќе се стимулира вработувањето млади жени во компаниите, ќе се намалат случаевите на мобинг како и притисоците врз жената работник во делот на користење на правото на породилно отсуство, појасни Спасов.

Спасов: Во фокус на Владата е работникот, односно правата на жената работник

Министерот потсети дека фокус на Владата е работникот, односно правата на жената работник додека е бремена и додека трае породилното отсуство.

Предвидовме решение со кое работничка доколку роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе) има право на платено породилно отсуство од работа во траење од 15 месеца непрекинато. Исто така воведовме можност за сите мајки по завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство, имаат право на неплатено родителско отсуство до три месеци во периодот до навршување на тригодишна возраст на детето, рече Спасов.

Спасов во рамки на прес-конференцијата изрази задоволство што новата мерка од проектот „Македонија вработува“ покажува одлични резултати и бенефити за невработените лица и работодавачите. Проектот, рече Спасов, за нецели четири месеци вроди со над 5.000 нови вработувања, и им помогна на 3.337 приватнии компании и субјекти да отворат нови работни места.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...