Почетокот на учебната година ги празни џебовите на родителите

Месец септември го означи почетокот на новата учебна 2015/2016 година. Од први септември учебната година започна за вкупно 275 илјади основци и средношколци, а околу 20 илјади првачиња за прв пат седнаа во училишните клупи.

Со радоста на учениците се јавува и зголемениот финансиски трошок на родителите. Традиционално месец септември со себе носи поголем финансиски товар за семејството.

Листите кои учениците ги добиваат на првиот училишен ден и кои опфаќаат разновиден училишен прибор кои им е потребен на учениците влијаат врз состојбата во домашниот буџет и ги празнат џебовите на родителите кои сакаат максимално да одговорат на секоја потреба и желба на своето дете.

Токму тогаш не е реткост маалските книжарници и маркети кои ви се најлесно достапни дополнително да ја искористат предучилишната еуфорија кај децата и родителите и да ги покачат цените на малопродажните продукти.

Сепак, се чини дека со зголемувањето на конкуренцијата на пазарот големите маркети низ градот нудат поголем избор и пониска цена на училишен прибор. Низ маркетите се почесто можат да се забележат разни видови на тетратки, од најмали до најголеми, разни боички, моливчиња, пенкала, гуми, блокчиња, па дури и разни училишни ранци, прилагодливи за сечиј џеб.

Листите со училишен прибор речиси и не се менуваат од година во година меѓутоа тој се купува одеднаш на почетокот на учебната година, па затоа и се чуствува врз семејниот буџет. Затоа често родителите наспроти почетокот на учебната година, училишниот прибор го купуваат однапред, кога голем број маркети организираат акции во кои се нуди евтин прибор.

Покрај во книжарниците, големите маркети и специјализираните продавници, училишниот прибор традиционално за поскромна сума може да се најде и на тезгите на пазарите низ градот.

Од вкупниот број на ученици во Македонија околу 190.000 се основци, а околу 85.000 средношколци.

Инаку, во земјата има 105 средни и 337 основни училишта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...