Грција: Шест острови ги губат даничните олеснувања

Атина, 29 септември 2015 (МИА) - Грчката влада објави дека популарните туристички дестинации Миконос, Санторини и Родос ќе бидат меѓу првите острови што ќе ги загубат повластените даночни стапки согласно новиот план за економско заздравување на земјата, пренесува порталот ЕурАктив.

- Од 1 октомври, даночната стапка на промет ќе се изедначи со остатокот на земјата и ќе се применуваат на Родос, Санторини, Миконос, Наксос, Парос и Скијатос, објави грчкото Министерство за финансии.

Грчките острови, голем број од нив без аеродроми и слаби поморски врски со континенталниот дел, во зимскиот период досега уживаа даночни олеснувања на данокот на промет во износ од 30 проценти, пренесе Фена.

Земјата соочена со голем надворешен долг, е принудена да ги укине даночните привилегии на островите во согласност со тешките реформи, кои се дел од договорот со меѓународните кредитори за финансиска помош на Грција.

Данокот на голем спектар производи и услуги веќе е зголемен од 13 на 23 проценти низ целата земја од јули 2015 година.

Следната група острови што ќе ги загубат даничните олеснувања ќе биде објавена на 1 јуни 2016 година и 1 јануари 2017 година, се наведува во соопштението на министерството.

Туризмот е главен дел од грчката економија, а се очекува земјата годинава да оствари рекордни приходи од туризмот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...