Иновациите во фокусот на „Технома 2015“

Скопје, 6 октомври 2015 (МИА) - Повеќе од 185 директни од кои 135 домашни и 50 странски учесници ќе се претстават на 41-от Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, нематали, градежништво, обезбедување и заштита „Технома 2015“, кој ќе се одржува од 13 до 17 на Скопски саем. Во тек на Технома ќе бидат отворени и 16.Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанство и 35.Меѓународна изложба на иновации „Макинова“.

Од Скопски саем најавуваат дека во фокусот на Технома 2015 ќе бидат иновациите, енергетската ефикасност и LED технологиите. 

- Оваа меѓународна саемска манифестација секогаш му е потребна на стопанството, а за тоа говори фактот што целиот расположив простор на Скопски саем секоја година исполнува капацитет со површина од 12.000 метри квадратни. Потврда на меѓународниот карактер на Технома се учествата на компании од цела Европа и пошироко од светот. На Технома 2015 ќе учестуваат компании од Тајван во организација на Советот за развој на трговијата со странство на Тајван и преку Тајванскиот центар за трговија во Софија Исто така на Технома 2015 ќе се претстават и повеќе фирми од Унгарија, истакнуваат од Скопски саем.

Технома 2015 ќе се одржи во три хали во кои ќе се преставуваат фирмите, во четвртата хала ќе се одвиваат Макинова и Форумот за иновации и технолошки развој. Во четвртата хала се и стручните факултети со постер презентации на иновативните методи. Нивната идеја е да се поврзат компаниите со образованието и да се најде интерес за заедничко аплицирање за проекти во фондот.

Во рамките на „Форумот за иновации и технологии“ организиран во соработка со Фондот за иновации и Скопски саем, секој ден ќе се одржуваат работилници на различни теми: „Финансирање на иновации“, „Соработка на развој на иновации“, „Соработка за развој на иновации“, „Секторски пристап во трансфер на технологии“ и „Ден за старт ап претпријатија“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...