Арифи изврши увид на работите на Градскиот стадион во Тетово

Тетово, 8 октомври 2015 (МИА) - Завршување на теренот до крајот на ноември и овозможување на фудбалските екипи играње на натпревари на Градскиот стадион во Тетово најави градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи при денешната посета на стадионот и увидот во досега завршените работи за обнова на теренот. 

Оваа активност заеднички е финансирана од  Фудбалската федерација на Македонија и општина Тетово во вкупен износ од околу 1,5 милиони евра при што делот на ФФМ опфаќа уредување на теренот согласно фудбалските правила, додека општината треба да го уреди делот околу теренот.

Таа информира дека во текот на мај од кога започнале работите била поставена модерна дренажа, во јуни и јули бил направен резервоарот за вода за наводнување и одржување на тревата и веднаш потоа веќе било изведено првото засадување за во текот на минатиот месец да биде изведено уште едно засадување на трева.

- Согласно стандардите на ФФМ тревата мора да биде искосена од теренот најмалку три пати за тука да се одржуваат натпревари. Првото косење е закажано за 15 октомври и се надевам дека до последната недела од ноември тревата на стадионот ќе биде искосена за третпат со што екипите ќе може да ги одигруваат натпреварите тука. Новопоставената трева е од таков тип што овозможува играње на натпревари во текот на сите годишни времиња, изјави Арифи.

Таа најави дека околу поставувањето на осветлувањето на градскиот стадион веќе ги издале потребните дозволи на изведувачот и оти очекува и со тоа да се заврши до крајот на ноември.

Во однос на обновата на трибините, поставување на нови столчиња и средување на потрибинскиот простор, Арифи посочи дека привршува и комплетирањето на потребната документација за јавно приватно партнерство што би ги презело работите за целосна реконструкција на градскиот стадион во Тетово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...