Буџетот за СЈО помина на собраниската Комисија за финансирање и буџет

Скопје, 30 октомври 2015 (МИА) - Собраниската комисија за финансирање и буџет на денешната седница ја разгледа Предлог одлуката за распределба на средства помеѓу буџетските корисници  на централната власт и меѓу фондовите и заклучи да се даде на понатамошна постапка во Собранието. Со Предлог-одлуката, како што појасни вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, се реалоцираат средства од буџетот за Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

- Согласно Законот за јавно обвинителство за кривични дела кои се поврзани со незаконското следење на комуникациите Владата на Република Македонија е обврзана да обезбеди средства за непречена работа на Јавното обвинителство. Согласно финансискиот план средствата во износ од 63 милиони 420 илјади  и 428 денари се наменети за работење и непречено функционирање на Јавното обвинителство за последниот квартал од 2015 година.  Тие се обезбедуваат со намалување во разделот Министерство за финансии - функции на државата, рече Ставрески.

Нагласи дека со предложената Одлука за прераспределба на средства се предлага реалокација на средствата од буџетот на РМ од 2015 година, а согласно Законот за буџет за прераспределба помеѓу буџетските корисници на централната власт и фондовите одлучува Собранието. 

- Затоа очекувам оваа одлука да биде потврдена од Собранието на Република Македонија, рече Ставрески. 

Финансиските средства на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се наменети за исплата на плати и надоместоци на јавните обвинители, плати и надоместоци на вработените во јавно обвинителската стручна служба, средства за набавка на стоки и услуги, трошоци за време на постапките, вклучувајќи и средства за советувања и мислења од експерти, средства за професионално унапредување, средства за одржување на просториите и опремата, како и капитални инвестиции на Јавното обвинителство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...