Отворена прва градинка во општина Врапчиште

Гостивар, 23 ноември 2015 (МИА) -  Во општина Врапчиште денеска беше отворена првата јавна детска градинка „Пранвера”. Во градинката, којашто ќе функционира во основното училиште во село Врапчиште, ќе бидат згрижени педесетина деца од турска и албанска етничка заедница, а во иднина и повеќе зависно од потребите. Отворени се и пет работни места.

На свеченоста присуствуваа министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, градоначалникот на Врапќиште Бајрам Кадрија и постојаниот претставник на УНДП во Република Македонија Луиза Винтон.

Министерот Адеми нагласи дека градинката е дел од владиниот проект за згрижување и поддршка на децата од руралните средини и спроведување на надлежностите кои се опафатени со децентрализацијата.

- Статистиката покажува дека 20 проценти од децата се згрижени во предшколски установи, што е под европскиот просек. Со овие активности сакаме да ја подобриме и сликата и при тоа да ги задоволиме потребите во руралните средини каде што децата се нерамноправи во споредба со нивните врсници од градовите, рече министерот Адеми.

Пред извесно време, истакна Адеми, е донесен и владин заклучок за адаптрирање и отварање градинки и во поголемите села како Градец и Неготино Полошко.

Градоначалникот на Кадрија се заблагодари за поддршката во реализацијата не барањето на жителите на едно од најголемите села во општината и подвлече дека покрај државната поддршка, отварањето на градинката го помогнаа и локални бизнисмени.

Отварањето на градинката во Врапчиште е дел од поширок проект со кој се опфатени 16 општини во Македонија и згрижување на 2.500 деца.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...