Штипски „Исар“ ја реконструира водоводната мрежа во населбата „Пребег“

Штип, 23 ноември 2015 (МИА) - Штипското комунално претпријатие „Исар“ од денеска почна со реконструкција на водоводната мрежа во населбата Пребег, каде што жителите имаат постојано проблеми со притисокот на водата. Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев вели дека денеска се санира водоводната мрежа на улицата „21 мај“.

-На оваа улица имавме чести дефекти, линијата е доста застарена. Ова го реализираме по барањето на граѓаните до градоначалникот Илчо Захариев, кој веднаш ни издаде налог и ние пристапивме кон решавање на проблемот. Само на оваа улица инвестицијата чини 200.000 денари, вели Бојаџиев.

Истакна дека по реконструкцијата на водоводната мрежа на оваа улица, екипите ќе продолжат на улиците „Скоевска“, „Славонска Пожега“ и на дел од „Вељко Влаховиќ“ во населбата Пребег. Бојаџиев забележува дека со реконструкцијата очекува граѓаните од оваа населба, која се наоѓа во високата зона на градот нема да имаат постојано проблеми со водоснабдувањето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...