Во штипската населба „Железничка“ асфалтирани улиците

Штип, 24 ноември 2015 (МИА) - Во штипската населба Железничка заврши асфалтирањето на улиците во должина од еден и пол километар. Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев на денешното свечено пуштање во употреба на улиците истакна дека по 20 години во оваа населба се асфалтираа улиците, а наредната година предвидено е да се асфалтираат уште 300 метри улици, со што комплетно ќе биде завршена патната инфраструктура во населбата „Железничка“.

- Ние на граѓаните не им даваме празни ветувања, напротив ние им ги решаваме нивните проблеми и тоа на начин на кој тие тоа го бараат.Така да мислам дека оваа населба генерално е покриена со улици, сега остануваат ситни проекти кои што треба да ги направиме, вели Захариев.

Тој истакна дека во текот на наредниот период, штипското комунално претпријатие „Исар“ има обврска да ја обнови водоводната мрежа на одредени улици и да се изгради дел од канализационата мрежа во населбата Железничка.

Претседателот на Советот на Општина Штип, Влатко Миташе вели дека изградбата на улиците во населбата Железничка е уште еден пример за остварување на одлуките кои ги донесуваат како советници.

- Уште една прилика и да ветиме дека и во иднина дека барањата кои што ќе бидат доставени од жителите на населбата Железничка ќе бидат позитивно разгледани од Советот, но и реализирани, вели Миташев.

Жителите на населбата Железничка велат дека се задоволни што и нивните улици се асфалтирани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...