Македонија издаде еврообврзница од 270 милиони евра

Скопје, 24 ноември 2015 (МИА) - Република Македонија на меѓународниот пазар на капитал денес  издаде еврообврзница на износ од 270 милиони евра. Рокот на враќање е 5 години односно 2020 година, соопшти Министерството за финансии.

- Побарувачката од инвеститорите за македонската обврзница беше два и пол пати повисока и достигна 632 милиони евра. Тоа овозможи да се постигне каматна стапка од 4,875 проценти, односно стапка на принос од 5,125 проценти, наведуваат во соопштението.

Македонската еврообврзница ја запишаа над 100 инвеститори од кои најголем дел се од Европа и САД, а останатите се од други земји. Од Министерството за финансии појаснуваат дека меѓу инвеститорите се најпознати инвестициски банки во светот, пензиски фондови, осигурителни компании и еквити фондови.

Трансакцијата се реализираше во соработка со Сити банк, Дојче банк и Ерсте банк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...