Бизнис центарот со информации за алтернативни извори за финансирање за кумановските бизнисмени

Куманово, 25 ноември 2015 (МИА) - Триесетина преставници на бизнис заедницата од Куманово и соседните општини, сопственици на микро, мали и средни претпријатија имаа можност да се информираат за алтернативните извори за финансирање на денешниот прв информативен настан кој го организираше Бизнис Центарот кој работи во рамки на Североисточниот плански регион.
 
Претставници од неколку финансиски институции ги запознаа кумановските стопанственици со можностите кои им стојат на располагање за користење на средства за поттикнување, оддржување и проширување на фирмите.
 
- Преку ваквите интерактивни и информативни средби се надеваме дека ќе овозможиме подобар економски развој на претпријатијата од регионот, изјави Маја Петровска, проектен координатор.
 
Александар Маневски, од Македонска Банка за поддршка на развојот (МБПР) информира дека на денешниот настан ги промовирале продуктите кои ги нудат, но и оти на ваквите средби добиваат повратна информација од клиентите што им е најпотребно во даден период.
 
- Ги информиравме како  најлесно да дојдат до средствата,за што се наменети и како ќе им помогнат во нивниот натамошен развој, изјави Маневски и додаде дека имаат кредитни линии кои одат преку деловни банки и оние кои одат преку нив.
 
Пред присутните од МБПР истакнаа дека се повеќе актуелни се  кредитното осигурување и факторингот кои помагаат за подобрување на краткорочната ликвидност, како алтернатива на класичното кредитирање.
 
Ана Стојановска, претставник од „Еос Матрикс“ во Македонија презентираше начини на  наплата на побарување.
 
- Долгорочно, наплатата позитивно влијае врз добивката, преку намалување на загубите на компаниите, изјави Стојановска.
 
Според Катарина Кречева, советник во одделние за подготовка на програми од Фондот за иновации и технолошки развој, станува збор за кофинансирани грантови, поголемиот дел од вкупниот буџет на проектот се покрива од Фондот, а дел треба да го покрие самиот апликант односно компанијата.
 
Таа додаде дека Фондот поттикнува иновативност кај новооснованите компании и соработката на бизнис секторот и научно истражувачките институции.
 
Бизнис Центарот кој неодмана беше отворен, ќе организира четири информативни средби со бизнисмените од регионот. Настанот е организиран во рамки на проектот на Министерството за локална самоуправа „Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво“, кој се спроведува во соработка со УНДП.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...