kapital

Пилот и програмер се најплатени професии во Македонија

Вработените во воздухопловниот транспорт имаат просечна плата од 68.166 денари, што е највисока во Македонија, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.



Од останатите професии, меѓу највисоките плати имаат компјутерските програмери, со просечна нето плата од 50.097 денари, вработените во финансискиот сектор, односно во банките каде што просекот е 43.740 денари, во фармацевтската индустрија со плата од 41.619 денари.

Вработените во овие индустрии без проблем можат да си ја дозволат синдикалната потрошувачка кошница која што изнесува 32.279 денари и ги опфаќа основните трошоци на едно четиричлено семејство за храна, облека, хигиена, домување.

Најмалку платени пак, според просечната плата исплатена во ноември лани, се луѓето што се занимаваат со рибарство и аквакултура, со месечни примања од само 12.389 денари. Во оваа неславна ранг листа, високо котираат и вработените во рестораните, со просечна плата од 13.321 денари, производство на мебел со со 13.367 денари, текстилната индустрија со плата од 13.660 денари и одржување на згради, каде што просечната плата е само 13.733 денари. На овие работници, им требаат барем три вакви плати за да можат да ги задоволат основните месечни потреби пресметани во потрошувачката кошница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...