Продажна изложба на проекти од областа на креативните индустрии

Скопје, 5 февруари 2016 (МИА) - Во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ утре напладне ќе биде отворена продажна изложба на дел од проектите од областа на креативните индустрии кои беа финансиски поддржани од Министерството за култура во 2015 година.

Ќе бидат изложени парчиња накит, облека, мебел и други дизајнерски производи со практична и применлива вредност, создадени од 17 млади креативни практичари. Продажната еднодневна изложба ќе биде отворена до 20 часот.

Министерството за култура од 2013 година објавува Годишен конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на креативните индустрии, кој наиде на исклучително позитивен одѕив кај македонските креативци.

Досега се поддржани повеќе од 200 проекти, а целта е да се поттикнат младите луѓе да го развиваат својот креативен потенцијал и иновативни размислувања, да се анимираат и охрабрат креативците од своите идеи да искреираат оригинални и уникатни дизајнерски производи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...