Македонски тим на Светски гастрономски натпревар во Истанбул

Скопје, 11 февруари 2016 (МИА) - Македонски готвачи-шефови на кујни од денеска до 14 февруари ќе учествуваат на 14-тиот Светски гастрономски натпревар во Истанбул, каде своето знаење и вештини ќе ги презентираат 2.000 готвачи и шефови на кујни од 25 земји во 70 различни категории екипно и поединечно.

Македонија првпат учествува организирано како национален тим под патронатот на Здружението на готвачи ГАСТРО МАК Скопје. Организацијата во Истанбул ја предводат претседателот, естраден уметник и автор на емисијата „Вкусот на традицијата“ Адријана Алачки, заменик-претседателот и шеф на кујна во хотел „Александар Палас” Љупчо Гиевски, шефот на кујна во ресторан „Камник” Скопје Никола Мишковски, интернационалниот шеф и интернационален консалтинг Марк Де Јонг, шефот на кујна во „Албис” Гостивар Зоран Андонов, шефот на кујна во „Електра гарден” Тетово Бобан Билбиловски и шефот на кујна во Скара бар - Јетон Таравари Бобан Симоновски.

За најголемата награда Grand Prix Истанбул 2016, во екипно натпреварување македонскиот национален тим го сочинуваат тројца натпреварувачи. Тимот ќе го предводи капитенот Никола Мишковски, заедно со Марк Де Јонг и Зоран Андонов.

Ова е еден од најголемите интернационални натпревари со пропозиции по стандардите на WACS – World Association of Chefs Socities, во организација на WACS и COCFED – Cooks and Chefs Federation of Turkey. За рангирањето и изборот на најдобрите ќе се погрижат 100 интернационални судии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...