Законот за телевизиски лиценци пред грчките пратеници

Атина, 11 февруари 2016 (МИА) - Во грчкиот Парламент доцна синоќа е поднесен предлог законот за лиценци за телевизиите, јави дописникот на МИА од Атина.

Во согласност со одредбите на предлог-законот, ќе бидат доделени четири лиценци за приватни телевизии на национално ниво, а почетната цена ќе биде утврдена со заедничка одлука на министерот за финансии и Државниот министер.

Лиценците ќе бидат на четири години.

Парламентот денеска попладне ќе одржи пленарна седница на која ќе се дискутира за нацрт-законот. Главна цел на Владата е економската оправданост на радиодифузните друштва, со цел да се избегнат нарушувања на пазарот и прекумерно кредитирање.

Според една студија спроведена од страна на Европскиот универзитетски институт во Фиренца, Грција може да издаде до четири лиценци за приватни телевизии на национално ниво.

Ципрас вчера изјави дека во Грција има место само за четири приватни телевизии.

Одлуката на Владата да се откаже од напорите да се назначи одбор на Националниот совет за радио и телевизија (ЕСР) и нејзиното инсистирање да се издадат само четири лиценци, ги налути опозициските партии и сопствениците на ТВ станици.

Владејачката коалицијата никако не може да се договори со опозицијата за одборот на ЕСР, кој според Уставот е независно тело за радиодифузни прашања. Ципрас ја обвини опозицијата дека намерно го блокира процесот и со тоа ја тера Владата да ја преземе работата во свои раце.

Опозициската Нова демократија ја обвини Владата дека употребува „неуставен“ пристап со тоа што се обидува да ја преземе контролата врз процесот. Државниот министер Никос Папас рече дека ќе има можност да се расправа за уставноста на законите, пред денешното гласање.

ПАСОК, Потами и Сојузот на центристите, исто така, го критикуваа потегот на Владата.

Здружението на приватни телевизии ја обвини Владата дека извела „мајсторија“ со тоа што својата одлука да се распише тендер за само четири телевизиски лиценци, ја базира на студија која содржи неточни пресметки и податоци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...