Гаранциите на техниката најголем проблем за потрошувачите

Скопје, 11 февруари 2016 (МИА) - Потрошувачите во текот на минатата година, како и претходната година најмногу проблеми имале со остварување на правото од гаранцијата и гарантниот лист на техничките производи, особено на мобилните телефони. 

Според пријавите во Организацијата за заштита на потрошувачите, 13 отсто отпаѓаат на овој проблем и затоа од Организацијата сметаат дека е потребна детална анализа за препознавање на причината за големиот број проблеми во овој домен и изнаоѓање решение за намалување на бројот на проблеми.

Потрошувачите велат дека и кога производот ќе појави недостаток во првите 24 часа, тие се принудени да го пратат на сервисирање, поради тоа што трговците одбиваат да им издадат нов. Се почесто се случува потрошувачите да добијат одговор од сервисот дека производот им е механички оштетен и да им биде прекината гаранцијата, и покрај тоа што во повеќето случаи потрошувачите тврдат дека немало никакво механичко оштетување.

Меѓу поплаките се и проблеми при сервисирање на мали кујнски апарати, за изработка на мебел и покуќнина, каде купувачите се жалеле на пречекорување на договореното време за изработка, неквалитетна изработка на мебелот,  како и проблеми со обувки и облека.

Во делот на туристичките патувања забележани се помал број поплаки во однос на претходната година. Најчест проблем е неисполнување на одредени делови од понудите, односно договорите на потрошувачите со туристичката агенција за одредено туристичко патување.
 
Забележан е пораст на поплаки на потрошувачите кои се греат на дрва што се однесуваа на тоа дека тешко се доаѓа до дрва за огрев, дека на неколку места им била кажано дека не можат да им продадат дрва за огрев поради тоа што се од друга општина, одредени потрошувачи веќе имале уплатено за дрва за огрев, но со месеци чекале да ги добијат и се сомневале дека можеби се работи за некоја измама, па биле загрижени што ќе се случи со нивните средства.

Од јавните услуги, најголем број жалби се во доменот на телекомуникациските услуги, во почетокот на годината, кога настана проблемот со одредени оператори кои еднострано ги сменија пакетите на телевизиите услуги без притоа да им биде понудена на потрошувачите можност да го раскинат договорот доколку новите услови не им одговараат. Со донесување на новиот правилник од страна на АЕК тој проблем е решен и на потрошувачите им е дадена можност да го раскинат договорот доколку операторот го промени пакетот на услуги односно ТВ каналите. Во доменот на мобилната телефонија, потрошувачите се жалеле дека имаат големи сметки поради наводно користење на интернет или роаминг, за што тие тврделе дека не користеле таква услуга.

Во делот на испораката на електрична енергија, потрошувачите најмногу се жалеле на високите сметки кои биле паушално наплаќани.

Потрошувачите се жалеле и на сметките за топлинска енергија, вода и смет, односно за известување за некои заостанати долгови од пред 10 годин, потоа поплаки во доменот на храната, крдитите и пресметувањата камати, поплаки за здравствени услуги.

Во 2015 година советодавните бироа на Организацијата на потрошувачите на Македонија извршиле 2.722 советувања, од кои 1.575 се направени во советодавното биро на ОПМ во Скопје, а останатите 1.147 се направени во локалните советодавни бироа лоцирани во Тетово, Кочани, Штип, Битола и Охрид. Од вкупниот број на советувања, 2.555 биле општо правни, а 167 специјалистички.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...