Обука за жени претприемачи во Струга

Струга, 12 февруари 2016 (МИА) – Во организација на Центарот за развој на Југозападниот плански регион и Knowledge Center оваа недела во Струга се одржува петдневна регионална обука за жени претприемачи.

На обуката, како што информира директорката на Центарот за развој на Југозападниот плански регион Мирјана Лозаноска, учествуваат 60 жени од Струга, Дебрца, Вевчани и Охрид, кои доставиле формулар со бизнис идеја и мотив за учество.

-  Тука ги проверуваат своите претприемачки способности и вештини и секоја што има своја бизнис идеја ја развива во бизнис план. На работилниците учат како да направат сопствен бизнис, финансиски, менаџмент и маркетинг план, а покрај теоретскиот дел кој е интерактивен работат и практично во групи, појасни Лозаноска.

Интересот за учество бил голем, а жените претприемачи кои учествуваат на обуките, според директорката, се задоволни. Покрај обуките за правење бизнис план, има и презентации за можностите како најлесно да дојдат до финансиски средства.

- Интересот за учество е се поголем се задржува нивното внимание. Мислам дека голем дел од нив после ова се подготвени својата идеја да преточат во реален бизнис. Во тек на обуките има и презентации од претстваници од Фондот за иновации и технолошки развој, Агенција за вработување, програмата Хоризонт 20:20 и банки, кои им презентираат можности за лесно доаѓање до средства за отпочнување бизнис, изјави Лозаноска.

Освен во микрорегионот Струга, вакви обуки се реaлизираа во Кичево, каде беа опфатени жени и од Пласница и Македонски Брод, а предвиден е сет обуки и во Дебар за жените претприемачи од Дебар и Центар Жупа.

Проектот се спроведува во соработка со Министерството за локална самоуправа и канцеларијата на UNDP во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...