Вкупно 972 работника добија сертификати за градење енергетски ефикасни објекти

Скопје, 12 февруари 2016 (МИА) - Вкупно 972 работника од пет области: фасадери, кровопокривачи, електроинсталатери, столари и инсталатери на системи за ладење и греење денеска добија сертификати како потврда дека се обучени за енергетски ефикасни објекти.

Ова е резултатот од проектот „Билд-ап скилс“ што го иницираше Европската унија и во кој Македонија беше единствената земја учесник меѓу државите членки.

Како што беше речено пред презентацијата, најмногу интерес за обука имало кај фасадерите и кровопокривачите, а помалку кај столарите.

- За обука за енергетска ефикасност во детерминираните пет клучни области се пријавија 1.146 работници, а сертифицирани беа и 200 тренери. Една од иновациите, што е новина за Македонија, но и за многу земји членки на ЕУ, е воведувањето систем за претходно препознавање вештини и квалификации на работниците, процес што се спроведе во декември 2015 и јануари 2016, подвлече раководителот на проектот Јадранка Аризанковска.

Според консултантот Ристо Иванов, најмногу интерес за обука има кај фасадерите и кровопокривачите зашто македонските градежни компании се најнапреднати во овој сегмент, а инвеститорите бараат висококвалитетна изведба. 

- Интерес имаше и за електричари, како и за инсталатери на греење и ладење што е чудно зашто досега во Македонија не се форсираше внатрешниот дел на заштеда на енергија, додека помал беше интересот кај столарите, информира Иванов.

Клучно е, додаде, што македонските градежни компании го прифатија сертифицирањето на работниците кое практично значи гаранција за нивниот квалитет, односно на кадарот што фирмите сакаат да го анажираат.

Истражувањето во рамки на проектот покажа дека на Македонија и требаат 9.600 до 16.000 работници за изградба на енергетски ефикасни објекти. Со планираните активности кои, како што најавија организаторите, ќе продолжат, до 2020 година треба да се создаде капацитет (тренери) за годишно квалификување 1.000 до 1.500 работници, наспроти почетната можност од максимум 300.

- Интересот за обука е голем и затоа активностите ќе продолжат - за да се обезбедат 100 до 200 предавачи и 10 до 20 институции. За годинашната фаза, пријавувањето е до 15 септември, посочи Иванов.

Една од пораките на презентацијата беше искуствата од обуката за енергетска ефикасност во градежништвото да станат дел од државните институции и да почнат да се применуваат за други области, а вештините на работниците да бидат препознаени на пазарот на труд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...