Протест на судската администација

Скопје, 25 март 2016 (МИА) - Вработени во управата и правосудните органи, кој од средата штрајкуваат, денеска своето незадоволство го изразуваат со протест низ скопските улици.

Протестот го почнаа пред Сојузот на синдикатите, потоа пред Собранието, Министерството за правда и за инфроматичко општество и администрација и Владата на Република Македонија.

Денешниот протест, како што велат, е резултат на немањето волја од Министерството за правда и Министерството за информатичко општество и администрација за дијалог за надминување на проблемите.

Организаторите на штрајкот бараат измени на Законот за судска служба, зголемување на платите на судските службеници, исплата на ветените пет проценти и враќање на работното време од 7:30 до 15.30 часот.

Штрајкот започна завчера, вработените го искажуваа незадоволството пред судовите.

Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација го активираа штрајкот откако ги прогласија за неуспешни преговорите со Министерството за правда околу измените на Законот за судска служба. Преговорите почнаа како резултат на предупредувачкиот штрајк што беше одржан на 3 декември 2015 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...