Кратовското село Кетеново ќе добие повеќенаменско игралиште

Скопје, 28 април 2016 (МИА) - Во кратовското село Кетеново привршува градењето на повеќенаменско игралиште кое се очекува да биде пуштено во употреба за околу 20 дена. Местото каде што интензивно се гради игралиштето денеска го посети Марјан Спасески, директор на Агенцијата за млади и спорт, кој престојуваше во кратовскиот регион.

- Игралиштето се гради согласно утврдената динамика и во моментов се поставува жичаната ограда. Според информациите од изведувачот, за 20-ина дена жителите на ова кратовско село ќе добијат ново и модерно повеќенаменско игралиште, каде ќе можат да се практикуваат повеќе колективни и индивидуални спортови, изјави Спасески по увидот во градежните работи.

Информираше дека идејата за изградба на игралиштето дошла пред неполни две години на една средба со локалните жители.

Спасески посочи дека само преку Агенцијата за млади и спорт во изминатите неколку години во општината Кратово се инвестирани повеќе од 33 милиони денари - за изградба на тениски терен, повеќенаменеско игралиште во селото Крилатица, фудбалски терен со вештачка трева „Мусала” и за повеќенаменското игралиште во селото Кетеново. За следната година предвидена е изградба и на едно игралиште за уличен баскет. 

- Изградбата на повеќенаменските игралишта, кои се дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт за изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава, се одвива со одлична динамика. Досега од овој проект изградени се вкупно 56 игралишта, а во моментов во фаза на реализација се 22 нови, соопшти Агенцијата, наведувајќи и дека во изминатите неколку години преку АМС се изградени 222 спортски објекти за што се инвестирани околу 43 милиони евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...