Резултати од работењето на Телеком за првите три месеци од 2016

  • Водечка позиција на пазарот на фиксни говорни услуги со удел од 61,2 отсто
  • Приходите од продажба зголемени за 0,3 отсто и изнесуваат 2.481 милиони денари
  • Нето добивката изнесува 250.491 илјади денари и е намалена 17,2 отсто
  • Пораст од 5,4 отсто во делот на IPTV и база од 104,2 илјади корисници на MaxTV
  • Во мобилниот сегмент, бројот на претплатници изнесува 1.218 илјади и е зголемен за 2,4 отсто

Македонски Телеком АД-Скопје ја задржа водечката позиција на пазарот во фиксни говорни услуги во првите три месеци од 2016 година, покажуваат неревидираните финансиски извештаи согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).

Приходите од продажба во првите три месеци од 2016 година изнесуваат 2.481 милиони денари, што претставува благо зголемување од 0,3% во споредба со истиот период од претходната година.

Нето добивката за првите три месеци од 2016 година е намалена за 17,2 отсто во споредба со истиот период од претходната година, што резултира во нето добивка од 250 милиони денари.

На крајот од првото тримесечје, Македонски Телеком има 61,2 отсто пазарно учество во сегментот на фиксна телефонија и удел од 48,8 отсто во делот на широкопојасниот интернет, согласно интерните податоци. Иако приходите од говорните услуги во фиксната телефонија се намалени за 8,5 отсто споредено со истиот период од 2015 година, со бројката од 221 илјади корисници Македонски Телеком ја задржа водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги.

Приходите од малопродажен интернет и дигитална телевизија преку интернет протокол или IPTV на крајот од првото тримесечје од 2016 година се зголемија за 2,8 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Базата на DSL корисници остана стабилна во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 189 илјади претплатници на широкопојасен интернет.

Македонски Телеком во првите три месеци од 2016 година оствари добри резултати со дигиталната телевизија, односно MaxTV услугата. Бројот на корисници постојано се зголемува, што резултираше со база од 104,2 илјади корисници на IPTV на крајот од првото тримесечје или зголемување од 5,4 отсто во споредба со истиот период од 2015 година, со што Македонски Телеком има 24,6 отсто удел од вкупниот ТВ пазар, според интерните проценки.

На пазарот на мобилната телефонија, компанијата има удел од 47,9 отсто, според интерните податоци. На крајот од првите три месеци од 2016 година, Македонски Телеком има 1.218 илјади корисници на мобилна телефонија, што претставува зголемување за 2,4 отсто во однос на истиот период од претходната година кога бројката на претплатници изнесуваше 1.189 илјади.

Приходите од говорни мобилни услуги на крајот од првото тримесечје од 2016 година се намалени за 4,8 отсто во споредба со истиот период од претходната година, како резултат на намалувањето на тарифите, како и на помалиот мобилен сообраќај од меѓународни дојдовни повици. Продолжи трендот на зголемено користење на мобилните услуги, при што сè повеќе и повеќе минути се опфаќаат во пакетите за истата цена.

Приходите од неговорни услуги пак, се зголемија за 8,7 отсто во споредба со истиот период од претходната година, како резултат на зголемените приходи од мобилен интернет и поголем податочен сообраќај, како и од зголеменото користење на податочни тарифни модели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...