Пристанишните работници во Грција денеска почнуваат 48-часовни поврзани штрајкови

Атина, 26 мај 2016 (МИА) - Пристанишните работници во Грција денеска почнуваат 48-часовни поврзани штрајкови во знак на протест против продажбата на двете најголеми пристаништа во земјата. Атина оваа продажба им ја вети на меѓународните кредитори во замена за толку потребните спасувачки заеми, информираат грчките медиуми. 

Штрајкувачите, кои досега  повеќепати излегуваа на улиците бидејќи стравуваат од кастрења на своите работни места, се закануваат дека штрајкови ќе следат и во сите пристаништа во земјата. 



Тие потсетуваат дека во 2014 година тогашната Влада на премиерот Андонис Самарас почна со распродажбата на 67 отсто од акциите на двете пристаништа, во Пиреја и во Солун, најавена уште во 2009 година со давањето концесија на два оддела на пристаништето Пиреја на кинескиот гигант КОСКО, што доведе, според нив, до воведување на средновековни работни односи.

Сегашната коалициска Влада, составена од СИРИЗА и Независни Грци, ги продолжи тендерите за распродажба на 67 отсто од акциите на двете пристаништа во Пиреја и во Солун, и покрај преземените предизборни и постизборни обврски, дека до тоа нема да дојде.

„Последниот предлог закон, што беше изгласан од Парламентот, ги докажува нашите основани стравувања и сега целото богатство на земјата е прогласено за продажба“, се наведува во соопштението на пристанишните работници, во кое се искажува решеноста за продолжување на борбата.

Приватизациите, клучниот услов во спасувачките програми на Грција од 2010 година до сега, генерираа само мал дел од првичната цел од 50 милијарди евра и наидоа на силен отпор од страна на синдикатите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...