Туристи од Бенелукс и наредните три години организирано ќе летуваат на Охридското Езеро

Охрид, 27 мај 2016 (МИА) – Хотелите на Охридско-струшката ривиера што нудат аранжмани за летување во Охрид и Македонија потпишаа нови тригодишни договори со холандскиот тур-оператор „Корендон“. Тоа значи дека туристите од земјите на Бенелукс и наредните три сезони организирано ќе летуваат на Охридското Езеро, преку аранжманите што се дел од големата понуда на „Корендон“.

Како што појасни Асим Меџедовиќ, менаџерот на агенцијата „Фибула Ер Травел“ која е македонскиот партнер на „Корендон“, со договорот за закуп на сместувачки капацитети се опфатени девет хотели и тоа „Метропол“, „Турист“, „Силекс“, „Десарет“, „Дипломат“, „Дрим“, „Београд“, „Изгрев“ и „Макпетрол“.

- Во овие специфични околности во кои се наоѓа државата, потпишаните договори навистина имаат огромно значење бидејќи во наредниот период во Охрид и Струга се очекува да летуваат 25 илјади туристи од Холандија и Бенелукс, рече Меџедовиќ. 

Во организација на „Корендон“, Агенцијата на хотелиерите од Македонија (ХОТАМ) и Македонската амбасада во Холандија, деновиве во Амстердам беше организирана „Македонска вечер“, на која беа презентирани македонските туристички капацитети, специјалитети на македонската кујна, дегустација на македонското вино, како и претставување на дел од македонскиот фолклор.

- Тој настан имаше за цел дополнително да ја претстави Македонија како атрактивна балканска и европска туристичка дестинација пред потенцијалните партнери во Холандија, рече Меџедовиќ.

Соработката на „Корендон“ и македонските ленд-партнери изминатите пет години резултираше со остварени над 150 илјади аранжмани за летување на туристи од државите на Бенелукс во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...