Судската администрација ќе штрајкува пред Министерството за правда

Скопје, 31 мај 2016 (МИА) - Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација од утре ќе го радикализираат протестот со кој бараат зголемување на додатоците на плата за 35 проценти исто како што тоа е предвидено кај судиите, јавните обвинители и јавнообвинителските службеници.

Од утре од 11 часот вработените во судската администрација, кои изминатите 10-тина дена протестираа во кругот на судовите, своето незадоволство ќе го искажат пред Министерството за правда. Од петок судовите нема да издаваат уверенија со печат, а од понеделник нема да се работат постапките за обезбедување на докази.

Претставниците на Синдикатот на УПОЗ денеска на прес-конференција посочија дека се одлучиле на ваков чекор бидејќи веќе 10-тина дена трае протестот на судската администрација, а нема интерес за преговори од страна на работодавачот.

Протестот на судската админстрација беше активиран на 18 мај откако не беше исполнето нивното барање за кое беше постигнат договор на состанок во Министерството за правда. Според УПОЗ, причината за тоа се двете писма кои до Владата ги испратил поранешниот претседател на Судскиот буџетски совет. Во едното од нив, како што велат од УПОЗ, тој побарал исплата на додатоците на плата, а потоа испратил уште едно писмо во кое дал политички квалификации на штрајкот и на Синдикатот.  

- На средбата во Министерството за правда која беше свикана на наше барање и на која присуствуваше и тогашниот претседател на Судскиот совет во функција на претседател на Судскиот буџетски совет, Бранко Ушковски, едногласно беше речено дека нашето барање е оправдано и дека треба да изнајдеме решение. Беше договорено Синдикатот на УПОЗ да испрати барање до Судскиот буџетски совет, а потоа Судскиот буџетски совет тоа барање да го испрати до Владата. Според договореното Ушковски тоа го направил, но потоа испратил друго писмо во кое дава политички квалификации за Синдикатот и за штрајкот, појасни претседателот на УПОЗ, Пеце Грујовски.

Синдикатот на УПОЗ обвини дека се врши притисок врз вработените во судовите и од страна на новиот претседател на Судскиот буџетски совет Зоран Караџовски. Претставниците на УПОЗ посочија дека и на јавните обвинители и јавнообвинителските службеници само еден месец им се исплатиле зголемените додатоци на плата, а повеќе не им се исплаќаат, иако тоа е предвидено согласно закон. 

Досега протестот се одвиваше во судовите, а во извесен период од денот судските службеници штрајкуваа пред судовите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...