Прокт за алтернативен туризам во Пехчево со пари од ИПА

Пехчево, 24 јуни 2016 (МИА) - Општина Пехчево прв пат ќе работи инфраструктурен проект со европски пари кој се однесува на развој на алтернативниот туризам и зачувување и промоција на културното наследство.
 
Како што истакна градоначалникот Игор Поповски, проектот „Платформа за прекуграничен фестивалски туризам на полето на традициите и културата – Фолклор“ чија вкупната вредност е 460 илјади евра, ќе се реализира во партнерство со Општина „Гоце Делчев“ од Бугарија.
 
- Целта на овој проект е подобрување на туристичкиот потенцијал на регионот, преку иницијативи за соработка во подобра заштита и одржливо користење на природното и културното наследство. Во рамките на проектот  е предвидено да се изработи студија за развој на алтернативниот туризам, ќе се изгради туристички инфоцентар во Општина Пехчево, кој ни е далеку од потребен со оглед на фактот дека развојот на туризмот е нашата стратешка цел. Исто така, предвидено е и да се набави монтажна бина и опрема за одржување фестивали и други настани во општина Пехчево, но и ќе се воспостави заеднички фестивал со парттнерската општина, рече Поповски.
 
Тој додаде дека со овој проект ќе се подобрат условите за одржување фестивали и други манифестации во Општина Пехчево и Општина Гоце Делчев, а проектот ќе се спроведува во период од 24 месеци.
 
Во Пехчево и НВО Амброзија ќе работи проект со европски пари во рамките на Програмата за прекугранична соработка. Во партнерство со Кластер на обновливи извори на енергија од Благоевград, Бугарија,  за период од 15 месеци  ќе се работи на заштитата на животната средина и одржливо користење на заедничките природни ресурси во пограничната област. Вкупната вредност на проектот е 112 илјади евра.
 
Како што истакна Јасминка Пашалиска-Андонова, од НВО Амброзија,  во рамките на проектот ќе се работи во девет општини Берово, Пехчево, Делчево и Виница во Македонија и Благоевград, Симитли, Кресна, Струмјани и Сандански во Бугарија.
 
- Предвидено е да се направи анализа на состојбата со јаглеродна емисија во пограничниот регион и мониторинг на загадувањето на воздухот во девет општини,  ќе се подготови заеднички документ за нискојаглеродна прекугранична политика што е клучната активност на проектот, како и воспоставување прекугранична мрежа за заедничка нискојаглеродна политика што ќе биде еден од продуктите на проектот, со учество на сите релевантни засегнати страни од Источниот и Благоевградскиот регион, која ќе биде одговорна за мониторинг на спроведувањето на заедничката политика и ќе овозможи понатамошна соработка, рече Пашалиска-Андонова.
 
Во Малешевијата по четврти пат проект од оваа програма ќе работи и Општина Берово. Во партнерство со општина од соседна Бугарија, Берово ќе го гради водоводниот систем на туристичата населба Беровско Езеро. Вкупната вредност на проектот е околу 500 илјади евра.
 
Преку Програмата за прекугранична соработка Македонија-Бугарија, одобрени се 44 проекти во вкупна вредност од околу 10 милиони евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...