ЕУ ги продолжи економските санкции против Русија до 31 јануари 2017 година

Брисел, 1 јули 2016 (МИА) - Советот на ЕУ денеска ја продолжи важноста на економските санкции против определени сектори на руската економија до 31 јануари 2017 година, информира прес службата на ЕК.

Мерките беа воведени на 31 јули 2014 година, првично на една година, како одговор на активностите на Русија во дестабилизирањето на ситуацијата во Украина. Во септември 2014 година мерките беа засилени. Тие се насочени кон финансискиот сектор, енергетиката и одбраната и во сферата на производите со двојна употреба.

На 19 март 2015 година Европскиот совет постигна согласност продолжувањето на санкциите да го обврзе со целосната примена на спогодбите од Минск, што, според планот, требаше да заврши до 31 декември 2015 година.

Бидејќи спогодбите од Минск не беа во целост применети до 31 декември 2015 година, Советот ги продолжи санкциите до 31 јули 2016 година.

Откако направи нова проценка на исполнувањето на спогодбите од Минск, Советот одлучи да ја обнови важноста на санкциите за уште шест месеци, до 31 јануари 2017 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...