Намалена годинашната реколта вишни во регионот на Пијанец и Малеш

Делчево, 1 јули 2016 (МИА) - Годинашната реколта вишни во регионот на Пијанец и Малеш е намалена за 70 проценти од редовното годишно производство и ќе донесе род од околу  500 тони вишни. 
 
Прични за намаленото производство на вишни во регионот кој е познат по производство на ова овошје, информира Богдан Стојановски, менаџер во најголемиот откупувач во регионот „Рудние ММ“, се пролетните мразеви кои предизвикаа уништување на вишните и намалување на родот кој достигнува некаде и до 80 проценти.
 
- Производството на вишни, посебно овде на истокот, е намалено како резултат на пролетните мразеви, но има добар род во централна и западна Македонија. Во секој случај е намалена бербата во однос на другите години. Ние вишната во целост ќе ја откупиме од нашите кооперанти, а  рачунаме и на дел од количините од другите региони за да ги надополниме годишните квоти на преработка на вишната, рече Стојановски.
 
Тој додаде дека откупната цена на вишните е 18 денари за прва класа вишни и 15 денари за втора класа. Причина за ниската откупна цена е европскиот пазар каде што се пласираат вишните.
 
- Цената е лимитирана на 18 денари, бидејќи вишната е берзански производ и ја диктира европскиот пазар. Годинава има доста квалитетна вишна во Полска и Србија, но има и доста залихи од претходната година, посочи Стојановски.
 
Деновиве започна бербата на вишните, а производителите не се задоволни ниту од цената ниту од родот. Славчо Гоцевски од Делчево годинава очекува да набере само 20 тони вишни од неговите 17 хектари.
 
- За нас прифатлива цена е 32 денари, или 50 центи. Со оваа цена годинава не сме задоволни, препаратите се скапи, еве јас досега сум дал 300 илјади денари само за препарати. Исто така и берачите бараат по 8 денари од набрана гајба со вишни и не знам како ќе ја покриеме оваа година, рече Гоцевски.
 
Инаку во Малеш и Пијанец има околу 500 хектари со вишнови насади.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...