Брегзит ја сведе британската економија на нивото од април 2009 година

Лондон, 22 јули 2016 (МИА) - Британската одлука да ја напушти ЕУ, предизвика „драматично назадување“ на економските активности во Велика Британија, што не е забележано уште од времето по банкарската и финансиската криза во есента 2008 година, покажува Парчесинг Менаџерс Индексот (ПМИ) на аналитичката компанија „Маркит“.

Според овој индекс, во текот на јули во Велика Британија е регистриран пад на економските активности на 47,7 поени, што претставува најниско ниво уште од април 2009 година.

Пад бележи како индустрискиот, така и услужниот сектор и тоа и во делот на производството и на нарачки.

Пораст е регистриран само кај британскиот извоз, но тоа се објаснува со намалената вреднист на фунтата.

Извештајот е направен врз следењето на состојбите на повеќе од 650 компании, главно во услужниот сектор, вклучувајќи и фирми во транспортот, бизнис услугите, информатичкиот сектор и угостителството.

Главниот економист на „Маркит“, Крис Вилијамсон изјави дека „падот на британската економија најмногу може да се поврзе со одлуката да се напушти ЕУ“.

Британски економски експерти велат дека овие податоци претставуваат прв знак дека домашната економија „влегува во остро назадување“.

Експерти предупредуваат и на можноста Велика Британија одново да се најде во рецесија, па навестуваат оти централната Банка на Англија ќе мора уште еднаш силно да интервенира за спасување на домашнит пазар и економијата.

Податоците на ПМИ доаѓаат веднаш по навестувањето на новниот британски министер за финансии Филип Хамонд дека во есенскиот извештај на Владата за финанските состојби, најверојатно ќе дојде до преиспитување на економската политика на земјата.

Според министерот Хамонд, тоа сигурно ќе се случи доколку пост-Брегзит движењата покажат потреба од менување на зацртаната економска и фискална политика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...