Миноски: Законската постапка за издавање на еврообврзницата е целосно испочитувана

Скопје, 25 јули 2016 (МИА) - Законската постапка за издавање на еврообврзницата е целосно испочитувана, а голем дел од средствата, околу 180 милиони евра, ќе се користат за отплата на доспеаните обврски во декември 2016 година, рече денеска министерот за финансии Кирил Миноски, реплицирајќи му на пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ во расправата за ребалансот на Буџетот.

На македонските граѓани, потенцира Миноски, треба да им се каже вистината, дека е неопходно Македонија да се задолжува и да користи различни инструменти за задолжување, еврообврзница, кредити,... 

- Задолжувањето ќе продолжи и во наредниот временски период, подвлече министерот.

СДСМ многу добро знае, рече Миноски, дека постапката за издавање на еврообврзницата е во целост испочитувана, но намерно ги искривува фактите.

- Најнапред има усогласување на правно мислење, а по завршување на трансакцијата следи потпишување на сите документи од страна на министерот за правда. И при издавањето на последната еврообврзница го имаме идентичниот случај кога прајсингот се спроведува на 25 ноември, а потпишувањето на согласноста на министерот за правда, на 1 декември. Тоа ги демантира шпекулациите дека не е почитувана законската постапка, нагласи Миноски.

Во однос на каматната стапка, додаде, со оглед дека Македонија се соочува со политичка криза, цената на еврообврзницата расте и е зголемена за 1,7 проценти.

Репликата ја испровоцира пратеникот на СДСМ Марјанчо Николов кој во расправата се изјасни против ребалансот на Буџетот и предложи тој да биде повлечен од дневниот ред зашто во него е содржана и еврообврзницата која, како што напомена, е незаконски издадена.

На ваквото тврдење реагираше и Крсте Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ, порачувајќи му на Николов дека ако неговата партија воопшто имала чувство и срам, немала да присуствува на седницата за Буџетот зашто сите негативни последици по македонската економија, како што посочи, се заслуга на СДСМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...