Собранието втор ден расправа за ребаланс на Буџетот за 2016

Скопје, 26 јули 2016 (МИА) - Собранието на Република Македонија во рамките на денешната работа по дневниот ред на 111-тата седница ја продолжи општата расправа  за ребалансот на Буџетот за 2016 година кој предвидува намалување на вкупните приходи и од 177,292 милиона денари на 174,291 милион, на вкупните расходи од 196,276 на 195,472 милиона, а дефицитот е ревидиран од 18,984 на 21,181 милион денари. 

Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека политичката криза го забави економскиот раст и доведе до одлагање или откажување на инвестициите и потрошувачката кај граѓаните поради што, како што кажа, овој ребаланс е прилагодување на настанатата состојба.

- Во Буџетот немаше намалување на приходите, напротив имаше натфрлање, но имаше отстапување од предвидените стапки на раст поради политичката криза. Буџетскиот дефицит беше само 1,17 отсто во првите шест месеци од годинава со што не држат обвинувањата на опозицијата дека предвидениот буџетски дефицит за годинава е веќе потрошен и затоа е неопходен ребалансот. Нема никаква реална основа ниту за девалвација на денарот, а штетата за стабилизирање на девизниот пазар поради шпекулациите и обвинувањата од опозицијата од 4 милиони евра ќе ја платат граѓаните, рече Цуклев.

Тој истакна дека штета се направи и со писмата од опозицијата до инвеститорите и меѓународните финансиски институции да не ја купат еврообврзницата што доведе до тоа да се зголеми нејзината камата, а тоа, како што истакна, повторно ќе го платат граѓаните. Предложи да се предвиди кривична одговорност за оние носители на јавни функции кои го нарушуваат угледот на државата и предизвикуваат материјална штета и штета на економијата.

Во реплика Панче Орцев од СДСМ рече дека за каматата од 5,56 отсто за ебвообврзницата е виновна власта, а не опозицијата и додаде дека Македонија не морала да ја издаде. 

Васко Ковачевски од СДСМ посочи дека ребалансот ги потврдува нивните ставови од лани дека се нереални основите врз кои власта го базираше буџетот за 2016 година.

- Новото задолжување власта го оправдува со зголемувањето на платите и пензиите, а всушност со ребалансот се кратат парите за капитални инфраструктурни проекти, во здравството, субвенциите во земјоделството,... а се зголемуваат само средствата во ПИОМ, рече Ковачевски.

Тој обвини дека парите од новата еврообврзница нема да одат за раст и развој на економијата и побара да се повлече еврообврзницата.

Во реплика министерот за финансии Кирил Миноски порача дека во текот на денешниот ден согласно однапред утврдената правна процедура е потпишано правното мислење од министерот за правда и сите документи се доставени до синдикатот на банките кои се одговорни  за законито постапување.

- Изминатите 10-тина дена слушнавме  низа шпекулации и манипулации со кои се настојуваше да се дискриминира Министерството за финасии и јас како министер. Би сакал да ви потврдам дека против сите инволвирани ќе бидат покренати и поднесени соодветни пријави и барања за оштетени побарувања, рече Миноски. 

Расправата ќе продолжи по редовната пладневна пауза. За збор се пријавени уште 60-тина пратеници, а согласно Деловникот на Собранието расправата за ребалансот на Буџетот може да трае пет дена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...