Голем дел од потрошувачите не си ги знаат правата за одредени услуги

Скопје, 28 јули 2016 (МИА) - Граѓаните не се или се делумно задоволни од паркинг услугите, водоснабдувањето, одведувањето отпад, уличното осветлување, топлинската енергија,..., но голем дел од нив не си ги знаат правата, а и не добиваат соодветно објаснување од давателите на услугите кога одат да се пожалат. 

Ова го констатирала Организацијата на потрошувачи (ОПМ) во последното истражување спроведено на 500 испитаници од Скопје.

Според ОПМ, не само што има простор за подобрување на овие услуги, туку треба да се интервенира и во законската рамка или да се донесе нова.

- Законот за заштита на потрошувачите недоволно ги уредува услугите од јавен интерес, тие не се добро разграничени, кои се на национално, кои на локално, а кои на комунално ниво, не е дефиниран начинот за решавање на споровите, ниту трговците се обврзани на задолжително водење евиденција за жалби и поплаки од граѓаните, рече денеска  претседателот на ОПМ Маријана Лончар Велкова пред промоцијата на студијата „Заштита на правата и интересите на корисниците на основните комунални услуги - Насоки за унапредување на нивната положба во Република Македонија“.

Комуналните услуги, додаде, се уште се непознаница за дел од граѓаните, а за некои од нив не е ниту делегирана надлежност од страна на општините.

- Треба да се знае на кој начин се даваат комуналните услуги и колку се граѓаните задоволни од нив, како услугите да се подобрат, како да се подобри соработката меѓу потрошувачите и давателите на услугите особено на телекомуникациските, поштенските, дистрибуцијата на електрична енергија,..., посочи Лончар Велкова.

Истражувањето на ОПМ покажало и дека граѓаните не се задовлни од одговорите што ги добиваат кога се пожалат за некои од комуналните услуги. Исто така, информациите кои стигнуваат до нив не се соодветни. Би требало, како што потенцира Лончар, да бидат и појасни, попрецизни, како и да се доставуваат до потрошувачите преку новите техничко-технолошки опции како што се смс-пораките и мобилните апликации.

- Граѓаните со своите поплаки и жалби не знаат каде да се обратат откако ќе добијат одговор од давателите на услугите, не се доволно упатени. Тоа создава потреба од поголема едукација, но и од подобрување на услугите, нагласи претседателката на ОПМ.

Давателите на комунални услуги да усвојат кодекс за фер однос кон корисниците и да воспостават систем за решавање приговори и поплаки, се само некои од сугестиите на ОПМ за подобрување на оваа сфера. ОПМ предлага и донесување нов закон за заштита на потрошувачите во кој прецизно ќе се дефинираат јавните услуги, изготвување стратегија за заштита на потрошувачите со посебен осврт на јавните услуги, како и воспоставување посебна заштита на ранливите категории потрошувачи.

На комуналните (јавните) услуги отпаѓа речиси третина од домашниот буџет или околу 10.000 денари од потрошувачката кошничка која, според статистиката, во февруари 2016 година изнесувала околу 32.000 денари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...