МАТТО: Нема ограничувања во економската соработка меѓу Македонија и Турција

Скопје, 29 јули 2016 (МИА) - Иако има перцепција дека економските активности се ограничени по прогласувањето на вонредната состојба во Турција, таа не влијае во секојдневниот живот на граѓаните, а уште помалку на економијата на Турција. Сите фабрики работат, нема никакви ограничувања при увоз и извоз, изјави Туна Ејуп Кахвеџи, претседател на Стопанската комора на Македонија - Турција (МАТТО).

МАТТО ја организираше прес-конференцијата со цел, како што рече Кахвеџи, да се добијат информации од прва рака за настаните во Турција по 15 јули зашто од недостиг на информации медиумите пласирале неточни или противречни.

На македонските фирми кои соработуваат или се партнери со компании од Турција, тој им порача дека состојбата во економската соработка е иста како и на 14 јули.

- Република Турција во 2016 со економски раст од 4,8 отсто е една од 10-те најразвиени земји во светот. Трговскиот обем меѓу Македонија и Турција во првите пет месеци од 2016 е поголем за 21,5 отсто во споредба со 2015 година. Овој обем е пораснат билатерално, за увоз и извоз за двете земји,  истакна Кахвеџи.

Тој потврди дека туризмот е секторот што најмногу претрпел последици од новонастаната состојба, но нагласи дека Турција сега ќе биде побезбедна земја за туристите откако ќе се отстранат структурите кои биле инволвирани во обидот за државен удар. 

- По отстранувањето на структурите од државниот поредок, Турција во блиска иднина ќе стане многу побезбедна држава. Турција во моментов нуди многу привлечни цени и целосна безбедност и затоа во оваа пригода им се обраќам на сите туристи да ја посетат Република Турција. Можам да кажам дека Турција во моментов е најатрактивна дестинација во Република Македонија, особено имајќи предвид дека се уште не е започнат приливот на руски туристи. Затоа, ги повикувам граѓаните на Република Македонија да патуваат во Република Турција, рече Кахвеџи.

Амбасадорот на Турција во Македонија Омур Шолендил за туризмот се осврна од безбедносен аспект и рече дека вонредна состојба има и во Франција, Белгија и Германија по извршените терористички напади.

- За да се спречат таквите активности, турските безбедносни органи ги преземаат сите потребни мерки. Во тој контекст, јас не гледам некоја посебна опасност од нормалните околности за безбедноста на туристите во Турција. За жал, ваквите настани се случуваат и во други европски земји кои, исто така, презедоа безбедносни мерки, рече Шолендил.

Тој истакна дека Македонија и Турција како две блиски и пријателски земји соработуваат во размена на безбедносни информации, како што соработуваат и во други области.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...