Карaванот „Македонија вработува 2“ стигна во Струмица

Струмица, 11 август 2016 (МИА) - Карaванот „Македонија вработува 2“ синоќа стигна во Струмица. Во централното градско подрачје беше поставен штанд на кој претставниците од Агенцијата за вработување делеа флаери и промотивен материјал. Од струмичката единица на АВРМ велат дека со првиот проект се вработиле 1.700 лица, а со „Македонија вработува 2“ досега 28.

- Со првиот проект вработени се 1.700 лица што е огромна бројка и може да кажеме дека е наш успех бидејќи се должи на спроведените директни контакти кои ги имавме и со работодавачите, но и со невработените лица. Досега со проектот „Македонија вработува 2“ имајќи предвид и дека сме во период на летни одмори, имаме добиено 20 апликации од исто толку правни лица, а вработени се 28 граѓани, објасни Павлина Ѓоргиева, раководител на АВРМ, Струмица.

Проектот „Македонија вработува 2“ почна во јули годинава и ќе трае една година. Со новиот пакет мерки се очекуваат 20.000 нови вработувања со намалени трошоци за работодавачите, а со тоа и решавање на егзистенцијалното прашање на илјадници граѓани кои го чекаат своето прво вработување, објаснуваат надлежните очекувајќи дека со него дополнително ќе се стимулира развојот на бизнисот, а со тоа и економијата во државата.

Првиот пакет „Македонија вработува“ според информациите на Mинистерството за труд и социјална политика, кои овозможуваа поволности за компаниите како ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за секој нов вработен во рамки на проектот овозможиле 10.140 компании да вработат 19.000 лица за само една година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...